За пробиотиците

Пробиотиците се микроорганизми кои позитивно влијаат на нашето здравје. Употребата на пробиотици во исхраната може да ја регулира цревната микрофлора. Пробиотиците овозможуваат подобро варење на храната како и ублажување на симптомите при дигестивни нарушувања.
[Translate to Macedonian:] Probiotiki poskrbijo za bolj urejeno prebavo in lajšajo prebavne težave.

Важно за пробиотиците

Во нашиот дигестивен систем природно присутни се микроорганизми кои заеднички ги означуваме како цревна микрофлора. Цревната микрофлора, главно, се состои од корисни бактерии кои помагаат во одржување на здравјето на нашите црева, а со тоа и на целиот организам. Имено, рамнотежата на цревната микрофлора е исклучително важна во однос на давање соодветна реакција на имуниот систем.

[Translate to Macedonian:] Kar 70 % celic imunskega sistema se nahaja v črevesju.

Дали сте знаеле?

Дури 70% од клетките на имуниот систем се наоѓаат во цревата.

Нарушена цревна рамнотежа

Зошто?

  • Инфекција предизвикана од вируси и бактерии
  • Неправилна исхрана
  • Стрес
  • Употреба на антибиотици
  • Неразвиена цревна микрофлора кај доенчиња
  • Намалена способност за обнова на цревната микрофлора кај постари лица

Последици

При нарушена цревна рамнотежа појава на неколку непријатни состојби, како:

  • Општа слабост
  • Бавно варење на храната
  • Грчеви
  • Надуеност
  • Дијареа или
  • Запек

Со употребата на пробиотици можеме да ја регулираме цревната микрофлора.

Зошто пробиотиците се важни?

Пробиотиците се живи микроорганизми кои ако се земаат во доволни количини поволно делуваат на нашето тело. Често ги именуваме и како добри бактерии, или млечно - киселински бактерии. Овие бактерии ја создаваат цревната микрофлора која го штити телото од штетни влијанија, го поттикнува имуниот систем, помага во варењето на храната и апсорпцијата на хранливите состојки. Исто така, го оневозможуваат и растот на штетните бактерии, а со тоа ги спречуваат и можните непријатности кои се јавуваат при варење на храната.

Пробиотиците се живи организми кои се многу чувствителни кога минуваат низ киселата средина на гастроинтестиналниот тракт, па затоа потребно е да бидат заштитени на соодветен начин.

Probiotiki in mikroenkapsulacija

При процесот на микроинкапсулација бактериите добиваат посебна заштитна обвивка која им овозможува и до пет пати повисок процент на опстанок во гастроинтестиналниот тракт во споредба со оние култури кои не биле микроинкапсулирани.

Еден од најистражуваните пробиотски соеви Lactobacillus rhamnosus GG.

Како делуваат пробиотиците?

Пробиотиците делуваат на три нивоа:

  1. Влијаат врз составот на цревната микрофлора, така што се позиционираат на она место

    во цревната слузница каде што се врзуваат штетните бактерии кои можат да предизвикаат инфекција. Пробиотиците лачат материи кои негативно влијаат на лошите бактерии.
  2. Ја зајакнуваат цревната слузокожа и го забрзуваат нејзиното обновување.

    Пробиотиците формираат кратковерижни масни киселини кои се хранливи за клетките на цревниот ѕид, со тоа го забрзуваат и нивниот раст.
  3. Поволно делуваат на имунолошкиот систем.

    Преку активирање на имунолошките клетки, пробиотиците ги поттикнуваат механизмите против хронична инфекција. Исклучително моќно влијание имаат на имунолошкиот систем бидејќи во цревата се наоѓаат дури 70% од клетките на имунолошкиот систем.

Најистражуваниот пробиотски сој

Lactobacillus rhamnosus GG е една од најистражуваните пробиотски бактерии. Нормално е присутна во нашите црева и помага во одржување на рамнотежата во цревната микрофлора. Се работи за »влакнест« пробиотик кој со своите флексибилни трепки (цилии)се врзува за цревната слузница и успешно се бори против штетните бактерии.

Lactobacillus rhamnosus GG се препорачува при:

ИЗВОРИ:

  • Vighi G et al. Allergy and the gastrointestinal system. Clin Exp Immunol. 2008 Sep; 153(Suppl 1): 3–6.
  • Zhang et al. Impacts of Gut Bacteria on Human Health and Diseases. Int. J. Mol. Sci. 2015, 16, 7493-7519.
  • Floch et al. The Microbiota in Gastrointestinal Pathophysiology, Implications for Human Health, Prebiotics, Probiotics, and Dysbiosis. Elsevier, 2017.
  • Guarner et al. World Gastroenterology Organisation Global Guidelines: probiotic and prebiotics. February 2017.
  • Vandenplas et al. Probiotics: an update. J Pediatr (Rio J). 2015 Jan-Feb;91(1):6-21.
  • Bermudez-Brito et al. Probiotic mechanisms of action. Ann Nutr Metab. 2012;61(2):160-74.
  • Segers. Towards a better understanding of Lactobacillus rhamnosus GG – host interactions. From 11th International Symposium on Lactic Acid Bacteria. Microbial Cell Factories 2014;13(Suppl 1):S7.
  • Floch et al. Recommendations for probiotics use – 2015 update, Proceedings and Consensus Opinion. J Clin Gastroenterol. 2015; 49:S69-73
  • Guarino et al. European Society for Pediatric Gastroenterology, Hepatology, and Nutrition/ European Society for Pediatric: Infectious Diseases evidence-based guidelines for the management of acute gastroenteritis in children in Europe update 2014. J Pediatr Gastroenterol Nutr. 2014;59:132–152.
  • Guarner et al. World Gastroenterology Organisation Global Guidelines: probiotic and prebiotics. February 2017.
back to top