Често поставувани прашања
Пробиотиците WAYA®
Lactobacillus rhamnosus GG (ATCC 53103) е пробиотски сој од видот на млечнокиселински бактеријии. Во 1983. година, Горбах и Голдин го изолирале овој сој од гастроинтестиналниот систем на здрав човек. Оваа кратенка потекнува од иницијалите на нивните презмиња. Lactobacillus rhamnosus GG се смета за најиспитуван сој во светот.
Lactobacillus rhamnosus GG (ATCC 53103) е млечно-киселинска бактерија која е присутна во нашите црева. Lactobacillus rhamnosus GG е најистражуваниот пробиотски сој врз кој се спроведени повеќе од 800 клинички испитувања, од кои повеќе од 200 истражувања врз различни клинички индикации, па оттаму се смета за најистражуваната пробиотска култура во однос на позитивното дејство врз телото и на безбедноста во употребата.
Тоа се бактерии кои вообичаено се пробиотици и кои предизвикуваат млечно-киселинска ферментација. Станува збор за процес на разградување на јаглехидратите во отсуство на кислород. Тие ги претвораат шеќерите во млечна киселина и го оневозможуваат развојот на патогените бактерии со намалувањето на pH вредноста во цревата. Тоа е вообичаената микрофлора која се наоѓа во усната шуплина и гастроинтестиналниот систем.
Станува збор за процес во кој малите парчиња на цврста материја или пак, капки од течност се затвораат во обвивка - лушпа која ја штити содржината од влијанието на штетните фактори од животната средина. Пробиотските култури се живи организми кои имаат поволен ефект врз здравјето на луѓето. Тие се чувствителни на киселата средина на гастроинтестиналниот систем и треба да бидат соодветно заштитени.
Микрокапсулите се резултат на микроинкапсулирање, а се делат на јадро и заштитна обвивка. Јадрото содржи активна состојка - пробиотската култура, а заштитната мембрана ја штити активната состојка од околината. Процесот на микроинкапсулирање го овозможува преживувањето на пробиотската култура во цревата дури 90%, а со тоа се обезбедува поголема количина и максимална можна ефикасност на пробиотикот на местото на делување, односно во цревата.
Пробиотиците WAYA® може да се чуваат на собна температура, заштитени од влага и светлина. Препорачуваме по отворањето да ги потрошите пробиотските капки WAYA® што е можно поскоро. Ако ги чувате во фрижидер, можете да го користите најмногу два месеци по отворањето.
Препорачливо е детето капките WAYA® да ги пие поединечно со лажица. Шишенцето е со капалка која овозможува едноставно и прецизно дозирање.
Капсулите WAYA® испијте ги со чаша ладна вода.
Пробиотиците WAYA® се достапни во аптеките.
Не треба да се грижите, бидејќи вишокот ќе се излачи преку столицата.
Пробиотиците делуваат во тенкото и дебелото црево каде што се врзуваат за слободните места на цревната слузница. Доколку нема доволно такви места или тие се зафатени со други бактерии, пробиотикот едноставно се излачува преку столицата.
Се разбира дека може. Антибиотиците ја нарушуваат цревната микрофлора и можат да предизвикаат дигестивни нарушувања. Lactobacillus rhamnosus GG се препорачува за регулирање на цревната микрофлора. Кај примената на пробиотикот WAYA® со антибиотска терапија, препорачуваме да има интервал од два часа.
За време на испитувањата на пробиотските производи WAYA® не се забележани несакани дејства и истите се еднакви на плацебо ефектот.
За повеќе информации во врска со пробиотиците WAYA® пишете ни на info@waya.mk
Пробиотици и пребиотици
Според дефиницијата на Светската здравствена организација пробиотиците се живи микроорганизми кои земени во доволни количини имаат позитивен ефект врз здравјето. Тие се непатогени микроорганизми кои се наоѓаат во гастроинтестиналниот систем, каде што има многу бактерии, дури 1014.
Нивна задача е формирање на соодветна цревна микрофлора која го штити нашето тело од штетните фактори и го стимулира имунолошкиот систем. Тие помагаат во разградувањето на храната и добивањето на хранливи материи. Меѓу другото, пробиотиците го оневозможуваат развојот на штетните бактерии, и на тој начин ги спречуваат гастроинтестиналните тегоби.
Секоја поединечна пробиотска бактерија - пробиотик - има сопствено име, на пример Lactobacillus rhamnosus GG (ATCC 53103) и секоја има свои посебни карактеристики. Пробиотската култура Lactobacilllus rhamnosus GG е млечно- киселинска бактерија која е присутна во нашите црева. Lactobacillus rhamnosus GG е единствен „влакнест“ пробиотик кој со своите влакненца или цилии се врзува за цревната слузница и ја регулира цревната микрофлора. Секој пробиотик има свое место каде што најдобро делува бидејќи е невозможно да се очекува дека една пробиотска култура ќе ги реши сите наши тегоби. Корисно е да се погледне пробиотскиот производ и да се провери што содржи.
Пребиотиците се посебен вид на прехранбени растителни влакна (олигосахариди) кои корисните бактерии во цревата ги користат како храна. Овие корисни бактерии произведуваат одредени супстанции кои во цревата создаваат поволни услови и храна за нашите цревни клетки.
Инаку, пребиотиците најмногу ги има во зеленчукот (аспарагус, лук, кромид, праз, артишок, цикорија ...), а денеска често се додаваат во прехранбените производи. Инулинот и олигофруктозата се пребиотици кои вообичаено се додаваат во храната. За да се постигне пребиотски ефект потребна е поголема консумација на пробиотици, дури 4 г.
Пробиотиците се живи и добри бактерии, а пребиотиците се необработени јаглени хидрати, кои се храна за пробиотиците.
Кај нарушената цревна микрофлора се појавуваат сè повеќе штетни бактерии и како последица на тоа се појавуваат различни дигестивни нарушувања (дијареа, констипација, надуеност, гасови ...). Пробиотиците се добри бактерии кои имаат позитивно влијание на нашиот организам, со тоа што воспоставуваат рамнотежа и помагаат во решавањето на гастроинтестиналните проблеми. Пребиотиците се храна за добрите бактерии.
Ако се појават различни дигестивни нарушувања тоа значи дека најверојатно се нарушила рамнотежата на цревната микрофлора, а тоа пак значи дека во цревата се намалил бројот на добрите бактерии, а се зголемил бројот на штетните бактерии. Тоа може да биде резултат на различни фактори:
- Инфекции предизвикани од вируси и бактерии
Во периодот од ноември до април сè почести се вирсуните инфекции(rotavirus, norovirus, adenovirus) кои предизвикуваат повраќање и дијареа. Речиси сите деца помали од пет години заболуваат од рота вирусната инфекција. Бактериските инфекции најчесто се јавуваат како труење предизвикано од контаминирана храна и вода. - Третман со антибиотици
Антибиотиците ги уништуваат бактериите, но, тие не прават избор помеѓу добрите и лошите бактерии, па така, покрај штетните бактерии, во голем број се уништуваат и добрите, потребни бактерии. Во текот на третманот со антибиотици важно е да се земаат и пробиотските култури за да се спречи појавата на различни дигестивни нарушувања. - Неправилна исхрана
Современата ихрана која денес ја консумираме е стерилизирана и пастеризирана, што значи дека покрај штетните бактерии, отстранети се и голем број добри бактерии кои пак од своја страна поволно делуваат на нашата цревна микрофлора. - Патувања
На патувањата низ различни места се среќаваме со поинакви бактерии во околината, храната и водата. Тоа не мора да бидат штетни бактерии, но бидејќи нашето тело не е навикнатато на нив, нашата цревна флора може да биде нарушена и да се појават различни дигестивни нарушувања. Напорната работа, промената на исхраната, стресот и алкохолот можат да предизвикаат дијареа. Меѓутоа, на прво место се заразената храна и пијалоците. При тоа не смееме да го заборавиме ниту приборот за јадење кој може да биде измиен во инфицирана вода, потоа коцките мраз и контаминирана вода во која има многу микроорганизми кои не му пречат на локалното население, но претставуваат проблем за туристите. - Возраст
Со текот на годините се намалуваат и одбранбените функции на цревната микрофлора и можат да се појават различни гастроинтестинални тегоби: дијареа, запек, надуеност.
Пробиотиските бактерии можат да се додадат и во друга храна, меѓутоа она што е важно е дека пробиотиските бактерии преживуваат во пробиотските производи. Пробиотиците се живи микроорганизми и се чувствителни на влијанието на надворешните фактори - собната температура, влажноста, светлината влијаат врз намалување на концентрацијата на пробиотските бактерии во производот.
Со пробиотици се богати пред сè ферментираните млечни производи како што се: пробиотскиот јогурт, кефирот, киселото млеко, сирењето ... па дури и ферментираниот зеленчук како киселата зелка. За да се обезбеди соодветната количина на пробиотици кај ферментираните млечни пробиотски производи треба да се обезбеди „студен синџир“ (одржување на пропишана температура на храната во континуитет - од производството до потрошувачката). На етикетата, односно на пакувањето на производот е запишана пропишаната температура на која треба да ја чуваме храната. Кај пробиотските јогурти пропишаната температура е 8° C или пониска. Оваа температура е тешко да се одржува особено во летните месеци и тешко е да се одреди колкава е концентрацијата на пробиотската култура во јогуртот за време на употребата.
Синбиотици се комбинација на пробиотици (корисни бактерии) и пребиотици (влакна).
Витамин д
Витаминот Д е растворлив во масти и се наоѓа во две форми, како витамин Д2 (ергокалциферол) и витамин Д3 (холекалциферол). Витаминот Д2 е присутен во растителната храна, а витаминот Д3 го има првенствено во храната од животинско потекло. Витаминот Д3 преку сончевата светлина и под влијание на УВБ зраците може да се синтетизира во кожата.
Најважната улога на витаминот Д е да ја одржува концентрацијата на калциум и фосфор во крвта, со тоа што ја зголемува нивната апсорпција во цревата.
Недостаток од витамин Д најчесто се појавува кога поради недоволна изложеност на сончева светлина е премало создавањето на витамин Д и/или не се внесува доволно преку исхраната. Ова е особено важно за доенчињата и малите деца. Доенчињата, всушност не се изложуваат на директна сончева светлина и доколку само се дојат, тие не внесуваат со исхраната доволно витамин Д.
За нив се препорачува уште од првата недела да им се додава витамин Д во исхраната, во количина од 400IU или 10 µg. Се препорачува да се додава витамин Д и кај децата до 18-годишна возраст, кај постари лица, односно на сите оние кои не внесуваат доволно витамин Д со исхраната и не се изложени на сонце.
Недостатокот на витамин Д кај доенчињата и малите деца предизвикува рахитис, кај кој се забележуваат задебелувања на 'рскавицата, скелетни деформитети и намалена мускулна сила.
Премногу ниското ниво на витамин Д кај возрасните предизвикува деградација на коските. Можни се дури и спонтани фрактури на коските. Недостатокот на витамин Д придонесува и за појава на остеопороза во староста. Поради недостаток на витамин Д постои можност за лоша апсорпција на калциум.
Благи знаци кои укажуваат на недостаток на витамин Д се замор, болка во мускулите и коските.
Недостатокот на витамин Д е здравствен проблем насекаде во светот, вклучително и во Македонија. Истражувањата укажуваат на ниско задоволување на препорачаната дневна доза витамин Д; имено децата од предучилишна возраст внесуваат 21% од препорачаната доза, а младите 60%.
Недоволното внесување на витамин Д е карактеристично особено во зима, кога изложеноста на сончева светлина е многу помала отколку во лето. Постарите лица исто така малку се изложени на сончева светлина, тие повеќе се дома или пак во пензионерски домови, оттаму кај нив е присутен недостаток на витамин Д и како резултат на тоа е зголемена склоноста кон фрактури на коските.
Витаминот Д првенствено се содржи во мрсната риба, рибиното масло, црниот дроб и во жолчката од јајцето. Растителната храна содржи мали количини витамин Д. Докажано е дека некои лишаи содржат витамин Д3.
Со сончање не може да се надмине соодветната количина на витамин Д, имено телото го произведува овој витамин само онолку колку што е потребно. Во нормална изложеност на сончева светлина во кожата се синтетизираат дневно 20-50 μg витамин Д. Во зимскиот период вообичаената изложеност на сончева светлина не овозможува доволна биосинтезата на витаминот Д, па затоа е потребна дополнителна доза на витамин Д во исхраната.
Дигестивни нарушувања
За дијареата зборуваме како за ненадејна и честа течна столица. Обично, дијарејата сами можеме да ја смириме, но ако трае неколку дена, посебно кај децата, потребно е да се консултира доктор. Дијареата може да се појави како резултат на инфекција од вируси, од бактерии или паразити. Причината за дијареа предизвикана од бактерии обично е труење со храна или вода, и таквата дијареа може да се појави и за време на патувањата, како и кога сме дома.
Покрај дијареата постојат и други симптоми, на пример, стомачни грчеви, зголемена температура, главоболка и повраќање. Со појавата на дијареата се нарушува рамнотежата на цревната микрофлора и преовладуваат штетните бактерии, а тоа предизвикува дигестивни нарушувања како што е самата дијареа.
Дијареата можеме да ја поделиме во три категории: лесна, умерена и тешка. Кај таканаречената „лесна“ дијареа има до три столици на ден, крвниот притисок е нормален, а лицето при станување од кревет или пак стол не чувствува вртоглавица.
„Умерената“ дијареа се карактеризира со столица од четири до пет пати на ден, а при промена на позицијата лицето чувствува блага вртоглавица, и може да има и висока температура (38° C).
Кај „тешката“дијареа има шест до девет столици на ден, може да се појави висока температура, низок крвен притисок, брзо чукање на срцето, болки во стомакот, лоша општа состојба, брзо дишење или губење на свеста.
Поради промената на околината, исхраната и навиките за јадење за време на годишниот одмор, односно на патувањата обично се појавува нарушена дигестија (подуеност, дијареа, запек). Гастроинтестиналните тегоби можат да бида предизвикани од променетата, но безопасна бактериска флора во животната средина. Исто така, можеме да се инфицираме со храна или вода контаминирана со фекалии.
Дијареата за време на патувањата, односно за време на годишните одмори е акутна дијареа која се карактеризира со столица неколку пати во денот. Дијареата обично се појавува во првата недела на патувањето или престојот во новата средина и обично исчезнува во рок од три до пет дена (само кај инфекциите предизвикани од паразити може да трае повеќе од еден месец). Дијареата е придружена со зголемена телесна температура, грчеви во стомакот, повраќање, главоболка, замор и потечна, крвава столица. Поради дијареата и повраќањето (вообичаени знаци за вирусна или бактериска дијареа) потребно е рехидратација и додавање на соодветни пробиотски култури.
Најважната мерка за спречување на дијареата за време на патувањата е да се придржуваме до хигиенските мерки и да избегнуваме контаминирана храна или вода. Се препорачува да се консумира флаширана вода, да се јаде готвена храна, а овошјето и зеленчукот да се излупат пред јадење.
Покрај сите горенаведени мерки се препорачува неколку дена пред да се патува да се започне со земање на пробиотици и да се продолжи во текот на целиот период додека трае патувањето.
Во цревната микрофлора постои рамнотежа меѓу добрите и штетните бактерии. Употребата на антибиотиците има одлучувачки карактер во третманот на различни системски инфекции, но антибиотиците ги уништуваат и добрите и штетните бактерии, со што се нарушува рамнотежата на бактериите во цревата. Ова може да предизвика слабеење на цревната микрофлора и како резултат на тоа, појава на дијареа и други симптоми.
Докажано е дека кај околу 39% од луѓето може да се појави дијареа како последица на земање антибиотици, која може да биде акутна, честа или хронична. Освен дијареа може да се појават и други симптоми: гадење, повраќање, синдром на нервозно дебело црево, истоштеност. Симптомите може да се појават неколку часа по завршувањето на третманот со антибиотици или дури 6-8 седмици по третманот со антибиотици.
Обично, кога станува збор за акутна дијареа потребни се едноставни, но итни мерки, односно: итен надомест на изгубени течности и електролити, надомест на добри бактерии во цревата и регулирање на варењето, како и регулирана исхрана за време на дијареата. Најважна е хигиената за да се спречи ширењето на инфекцијата.
Ако во рок од два до три дена не се смири дијареата и се забележат првите знаци на дехидрација се препорачува да се посети доктор. Кај децата треба да се земе предвид и возраста: колку е детето помало, толку побрзо треба да се посети доктор.
Лаксатив е средство за полесно празнење на дебелото црево.
Лиофилизација или сушење со замрзнување е процес со кој се отстранува водата од биолошките и органските материи кои би биле оштетени со топлина, а во исто време се задржува нивната структура и состав.
Цревната микрофлора
Микрофлората на гастроинтестиналниот систем веројатно е еден од најсложените микробни екосистеми што го знаеме, бидејќи согласно денешните претпоставки е составен од 500 до 1000 различни видови бактерии, а тоа е околу 1014 (сто илјади милијарди или сто билиони) бактерии, што е всушност 1,5 kg од телесната тежина.
Цревната микрофлора сè почесто ја нарекуваме внатрешен орган, бидејќи има важна животна функција: помага во разградувањето на храната и во добивањето на хранливи материи потребни за развој и функционирање на нашето тело, штити од штетни бактерии и токсични материи, го подготвува и насочува имунолошкиот систем. Составот на цревната микрофлора е единствен кај секој човек, слично како отпечаток од прст, таа е нашата лична карта.
Врз составот и големината на микробната популација влијаат голем број фактори, внатрешни – со оглед на различните делови на гастроинтестиналниот систем и надворешни, како што се: храната, лековите, инфекциите, стресот. Колонизацијата на гастроинтестиналниот систем со микроби започнува со раѓањето кога детето доаѓа во контакт со вагиналната и цревната микрофлора на мајката (вагинално породување). Колонизацијата на различни видови бактерии продолжува сè до приближно втората година од животот на детето кога во неговите црева се воспоставува стабилна микрофлора, слична како микрофлората кај возрасните.
Бактериите се голема група едноклеточни, и во најголем број микроскопски живи организми. Тие живеат насекаде: во почвата, водата, воздухот, а човечкото тело за нив е одличен домаќин. Гастроинтестиналниот систем работи во симбиоза со голем број бактерии кои придонесуваат за нормално варење. Распознаваме добри или корисни бактерии и штетни бактерии.
Во нашиот гастроинтестиналниот систем има голем број бактерии (дури 1014) кои ги нарекуваме цревна микрофлора. Тие се корисни бактерии кои организмот ги распознава, и истите се неопходни за да се заштити нашето тело од штетните фактори. Го стимулираат нашиот имунолошки систем и играат важна улога во добивањето на хранливи материи.
Цревните бактерии кои ги има околу 500-1000 видови пред сè се наоѓаат во дебелото црево. Многу од нив се корисни, но исто така има и штетни бактерии. Корисни се оние кои го помагаат варењето на храната. Исто така, тие го забавуваат развојот на штетните бактериски видови и го активираат имунолошкиот систем на цревата. Штетните бактерии предизвикуваат распаѓање на цревната содржина и создаваат токсични супстанции. Во здравите црева штетните и корисните бактерии се во природна рамнотежа, па затоа не сме свесни за нивното присуство и делување. Стануваме свесни само кога се појавуаат гастроинтестинални заболувања.
Зборот антибиотик потекнува од грчките зборови Άντί (анти) и βίος (живот) и претставува хемиско соединение за лекување на бактериски инфекции. Антибиотиците го инхибираат растот, или целосно ги убиваат микроорганизмите како што се бактериите, габите и паразитите. Се разликуваат по ширината на спектарот на нивното делување и разликуваме антибиотици со тесен спектар на дејство кои уништуваат само одреден вид на бактерии, и антибиотици со широк спектар на дејство кои уништуваат неколку видови на бактерии.
Антибиотиците не разликуваат корисни и штетни бактерии, тие ги уништуваат сите.
На тој начин, антибиотиците ја нарушуваат рамнотежата на цревната микрофлора, а преживуваат само оние бактерии кои се отпорни на делувањето на антибиотикот, на пример Clostridium difficile. Оваа бактерија може прекумерно да се размножува во цревата, па дури кај 39% од луѓето може да предизвика различни дигестивни нарушувања: непријатно чувство во стомакот, гадење, дијареа и друго.
Интересен е податокот дека цревната микрофлора не се обновува два месеци по употребата на антибиотиците, доколку за време на третманот со антибиотици не сме земале пробиотски бактерии кои делуваат врз одржувањето на рамнотежата во микрофлората.