ГЛАВЕН СИМПТОМ НА РЕФЛУКС НА КИСЕЛИНА: НЕПРИЈАТНА ГОРУШИЦА И НЕЈЗИНИ ПРИЧИНИТЕЛИ

Во западниот свет дури четвртина од жителите имаат тегоби поради непријатното чувство во градите кое е нарекува горушица. Кај повремени, кратки епизоди тоа е потполно нормална појава која може секој да ја почувствува и не предизвикува проблеми. Доколку повеќе пати чувствувате печење во пределот на градите, тоа може да биде рефлукс на киселина, честа болест на западниот свет.
[Translate to Macedonian:] Neprijetna zgaga in vzroki

Што претставува рефлукс на киселина?

Рефлукс на киселина (гастроезофагеален рефлукс) значи враќање на желудочната содржина од желудникот на во хранопроводот. Тоа се случува поради ослабена функција на долниот мускул - затворач на хранопроводот (сфинктер) кој го спречува истекувањето на желудочната киселина во хранопроводот.

Притоа може да се почувствува печење и гребење во хранопроводот, познато како горушица, кое исто така може да биде проследено со кисел или горчлив вкус во устата, повраќање, ранички во устата, жарење на јазикот, лош здив и во некои случаи, враќање на храната во уста.

Што го предизвикува печењето во градите?

Печењето во пределот на градите односно горушица е најчест симптом на рефлукс на киселина. Во текот на денот чувството може да биде потполно нормално, но постепено може да се засилува и да стане неподносливо до вечерните часови. Често е последица на распоредот на оброци во текот на денот, бидејќи повеќето луѓе го консумираат својот најголем оброк во предвечерието. Бидејќи проблемите со горушицата можат да се влошат поради некои намирници, добро е да се знае како да се прилагоди исхраната и да се намали непријатното чувство.

Најчеста храна и напитоци кои предизвикуваат чувство на печење во пределот на градите:

  • домат
  • кромид
  • лук
  • праз
  • напитоци со кофеин
  • газирани напитоци
  • чоколада
  • гума за џвакање
  • аргуми и нивни сокови

Освен храна, на чувствоти на печење во пределот на градите можат да влијаат и многу други причинители:

  • Неактивен начин на живот – поголем ризик од појава на горушица имаат луѓе кои лошо се хранат во текот на денот, а по враќање од работа имаат доста обилна вечера и потоа одмараат во лежечка положба. Лежењето по обилен оброк создава дополнителен притисок на мускулот затворач, а истовремено на него влијае и одредена храна и го поттикнува неговото отворање, што предизвикува враќање на содржината од желудникот во хранопроводот.
  • Бременост – за време на бременоста хормоните и физичките промени во организмот на мајката ја ослабуваат работата на мускулите затворачи и предизвикуваат горушица. Повеќе за горушица во бременоста прочитајте во нашата втора статија.
  • Прекумерна тежина – прекумерна телесна тежина може да ја зголеми можноста за настанок на горушица. Зголемена тежина, посебно во подрачјето на стомакот, може да предизвика дополнителен притисок на желудникот, што доведува до можност на враќање на киселина во хранопроводот.
  • Лоши навики – пушење, консумирање на газирани напитоци или големи количини на кафе и алкохол може да ја зголеми можноста за појава на горушица.

При горушица односно печење во градите помогнете си со производот WAYA StopReflux

Производите за ублажување на киселината во желудникот на база на алгинати како што е WAYA StopReflux може да Ви помогнат да ја спречите киселината во бременоста. Производот ја ги ублажува симптомите на рефлукс на киселина со механичко спречување на рефлуксот за помалку од три минути, ја регенерира и штити слузницата.

Пред употреба на производот во бременост, разговарајте со Вашиот лекар или гинеколог. Производот има едноставна употреба – само 1 кесичка после оброк или навечер пред спиење

back to top