МАГНЕЗИУМ АЛГИНАТ – ОД ОКЕАН ДО ОЛЕСНУВАЊЕ НА СИМПТОМИТЕ НА РЕФЛУКС

Испитувањата и клиничките студии покажале дека повеќе од 40% до 60% од западната популација може да има корист од производите на база на алгинат и таа корист се зголемува во другите делови од светот каде рефлуксната болест исто така станува се почест проблем.
[Translate to Macedonian:] MAGNEZIJEV ALGINAT – OD OCEANA DO LAJŠANJE ZGAGE

Алгинати во природата

Алгинатите природно се јавуваат како структурни полисахариди во морските алги. Најчест извор се кафени алги (Laminaria hyperborea), кои растат на карпи на длабочина до околу 30 метри, каде водата е бистра.

Алгинати во фармацијата

Лекови и медицински средства на база на алгинати со децении успешно се користат за лекување на симптоми на гастроезофагеална рефлуксна болест (ГЕРБ) бидејќи исклучително брзо ги ублажуваат нејзините симптоми.

Во последните дваесетина години, знаењето и свесноста за ГЕРБ се зголемени, што доведува до многу подобро разбирање за рефлукс на желудочната содржина во дишните патишта, белите дробови и усната празнина, што може да предизвика или да ги влоши останатите симптоми во устата, носот и грлото. Сите наведени тегоби можат да се спречат или ублажат со примена на фармацевтски производи на база на алгинати.

Алгинатите имаат единствен механички начин на делување кој влијае само на желудникот, односно, не се апсорбира во крвта. Постојат многу различни алгинати со различни структури и својства. Меѓу нив е и магнезиум алгинат кој се наоѓа во медицинскиот производ WAYA StopReflux.

Магнезиум алгинат во производот WAYA StopReflux

WAYA StopReflux претставува медицинскo средство кое ги ублажува симптомите на рефлукс како што е горушица – печење во пределот на градите, враќање на киселина во усната празнина (рефлукс на киселина), воспаление на хранопроводот предизвикана од рефлукс, отежнато голтање (дисфагија) и болно голтање (одинофагија).

WAYA StopReflux ги намалува симптомите за помалку од три минути.

Благодарение на синергетско делување на сите состојки, новиот производ WAYA StopReflux има дејство 3 во 1. Содржи магнезиум алгинат, кој создава физичка бариера на киселината; хијалуронска киселина и хондроитин сулфат, кои ја штитат и обновуваат слузницата и пуферирачки средства за неутрализација на киселината.

Поголемиот број на производи со алгинати на пазарот содржат алгинати во облик на натриумови соли, што може да биде тешко за луѓето кои имаат ограничување за внес на натриум. WAYA StopReflux содржи алгинат во облик на магнезиумови соли, што значи дека не допринесува во внесот на натриум во организмот.

Медицинскиот производ WAYA StopReflux едноставно се користи – само 1 кесичка по оброк или навечер пред легнување, односно пред спиење. Пред употреба прашајте го својот лекар за совет.

Информациите кои се содржани на оваа страница се наменети само во информативни цели и во ниту еден случај не се замена за помош или совет од лекар!

Извор:

  • Bor S, Kalkan İH, Çelebi A, et al. Alginates: From the ocean to gastroesophageal reflux disease treatment. Turk J Gastroenterol 2019; 30(Suppl 2): S109-36.
back to top