Горушица во бременост – симптоми за ублажување на чувството на жарење

Бременоста во животот на многу жени е еден од најубавите периоди, но тоа неверојатно искуство со себе носи бројни непријатности. Една од нив често е киселина или чувство на печење во градите, која може да биде проследена и со проблеми со варење, надуеност и дијареа.

Многу жени за прв пат се среќаваат со киселина во желудникот  во текот на бременоста, бидејќи ова непријатно чувство ги погодува дури третина од идните мајки, посебно во раната бременост и во третото тримесечје.

Иако киселината во бременоста е честа и најчесто безопасна, може да биде многу непријатна и негативно да влијае на искуството со бременоста и квалитетот на животот кај жените. Откријте ги начините на кои можете да ја ублажите или дури и да ја спречите болката.

Што е рефлукс на киселина во текот на бременоста?

Иако многу луѓе наизменично ги користат изразите горушица и рефлукс на киселина, овие тегоби имаат различни дефиниции:

  • Кај рефлукс сфинктерот (мускул затворач) не затвора комплетно. Тоа овозможува желудочната киселина да се движи од желудникот до хранопроводот. При тоа киселината ја иритира чувствителната слузница на хранопроводот.
  • Горушица, која ја доживуваме како болка или печење во градите, всушност е симптом на рефлукс на киселина. Чувството на печење во пределот на градите  се јавува во поодмината бременост бидејќи бебето зазема се повеќе место во стомакот. Тоа го менува распоредот на органите и го зголемува притисокот на желудникот и сфинктерот.

Многу жени првата горушица ја искусуваат во текот на бременоста, бидејќи ова непријатно чувство ги погодува дури третина од идните мајки, посебно во раната бременост и во третото тримесечје. 

Зошто се јавува киселина за време на бременост?

Хормоните кои имаат значително зголемени нивоа во бременоста, можат да влијаат на опуштање на сфинктерот (мускул затворач) на влезот на желудникот. Овој мускул не се затвора правилно, со што се дозволува киселата содржина од желудникот да се врати во хранопроводот, а таа состојба е позната како рефлукс на киселина.

Највлијателен хормон е прогестерон, кој помага во опуштање на мускулите за време на бременоста, како би се апсорбирале хранливи материи кои патуваат до постелката и обезбедуваат здрав развој на детето. Прогестеронот исто така може да ја ослободи блокадата на мускулите, а со тоа киселината од желудникот се враќа во хранопроводот.

Освен хормони, за појавата на киселина во бременоста, особено пред крај на тој прекрасен период, влијаат и физичките промени на органите. Матката се повеќе се шири, оставајќи малку место за преостанатите органи. Тие го притискаат желудникот, со тоа и веројатноста и киселината да се истисне од него е поголема.

Симптоми на рефлукс на киселина во бременоста

Секоја бременост е поинаква и секоја идна мајка на различен начин ги чувствува непријатните чувства кои се јавуваат, а истото се однесува и за киселината во желудникот.

Ќе Ви ги наведеме најчестите симптоми на киселина во бременоста, но тоа не значи дека  сите како по правило ќе се појават и кај Вас:

  • чувство на печење во градите веднаш зад градната коска кое се јавува по оброк и трае од неколку минути до неколку часа
  • жарење во грлото или чувство на топлина, кисела или солена течност во внатрешната страна од грлото
  • болка во градите, посебно по наведнување, лежење или обилен оброк
  • хронична кашлица
  • подригнување
  • засипнатост
  • повраќање
  • чувство на ситост
  • надуеност
  • свирење при дишење или останати симптоми слични на астма
  • општа слабост или недостаток на енергиј

Освен хормоните, за појавата на киселина во бременоста, особено пред крај на тој прекрасен период, влијаат и физичките промени на органите.

Како може да се спречи киселината за време на бременоста?

Киселината  во бременоста може да биде исклучително непријатна и може да ја следи бременоста со месеци. Затоа е важно да се знаат начините со кои можете да ја ублажите или пак да ја спречите.

Најважно е да ги промените Вашите навики во исхраната:

  • Јадете неколку мали оброци во текот на денот. На тој начин храната нема предолго да се задржува во желудникот.
  • Јадете пополека и со уживање и добро џвакајте ја храната.
  • Пијте многу течности помеѓу оброците. Исто така испијте една до две голтки
  • топла вода пред оброк како би ја подобриле дигестијата.
  • Не јадете најмалку 2 до 3 часа пред спиење.
  • Избегнувајте пржена, зачинета или масна храна, бидејќи е тешко сварлива.
  • Ограничете го внесот на кофеин.
  • Не пушете и избегнувајте алкохол. Освен што пушењето и консумирање алкохол кај мајката предизвикува киселина за време на бременоста, исто така може да предизвика и здравствени проблеми кај бебето

 

Покрај промените во навиките во исхраната, постојат и други начини како да се решите од киселината за време на бременоста:

  • Седете исправено за време на оброк за да го опуштите желудникот.
  • Не седете и не лежете после јадење. Наместо тоа малку прошетајте и на тој начин ќе му помогнете на варењето.
  • Пределот каде Ви е поставена главата на креветот нека биде повисок од останатиот дел на креветот каде Ви се поставени нозете. Исто така можете да ставите перница под рамената. Со тоа ќе спречите желудочната киселина да се движи спрема градите.
     

При киселина  за време на бременост, помогнете си со медицинскиот производ WAYA StopReflux

Производите за ублажување на киселината на база на алгинати како што е WAYA StopReflux можат да Ви помогнат во спречување на киселината во бременоста. Производот го ублажува чувството на печење во пределот на градите  со механичко спречување на рефлукс на киселината за помалку од три минути, и истовремено ја регенерира и ја штити слузницата.

 

Пред употреба консултирајте се со Вашиот лекар или гинеколог.

back to top