Како да го регулирате варењето на храната и зошто е потребно да се користат пробиотици? ВТОР ДЕЛ

Себастјан Розман, м-р. фарм.
Гастроинтестиналните тегоби се многу непријатни и често влијаат на нашата физичка состојба и расположение, а не ретко и на нашата самодоверба.
зошто е потребно да се користат пробиотици

Како да се регулира варењето на храната и зошто е потребно да се користат пробиотици? ПРВ ДЕЛ

Да го погледнеме и вториот дел од текстот со корисни совети за здраво и регулирано варење на храната.

4. Внимавајте на храната која ви предизвикува проблеми (алергии и нетолеранција) 

Гастроинтестиналниот систем кај секој од нас има свои карактеристики и предиспозиции за можни алергии или нетолеранција на одреден тип храна.

Алергија на храна се јавува кога нашето тело, поточно нашиот имунолошки систем, погрешно ги препознава состојките од храната (најчесто тоа се специфични протеини) како материи штетни за организмот и почнува силно да се брани со брз, бурен па дури и опасен по живот воспалителен имунолошки одговор. Поради бурните реакции на телото секој кој има алергија обично добро знае која храна му ја предизвикува.

Многу е помала свесноста за избегнување на хранливи состојки кои предизвикуваат нетолеранција на одредена храна. Кај нетолеранција на храна станува збор за гастроинтестинални тегоби кои се јавуваат поради отсуство на одредени ензими за варење или поради неправилност на способноста на организмот да апсорбира одредени хранливи материи.

Нетолеранција на храна може да се манифестира на различни начини. Некои лица можат да внесат мала количина од проблематичната храна без поголеми проблеми. Кај нив само при поголема количина на проблематична храна се јавуваат симптоми и поради тоа се случува многу од нив воопшто да не се свесни за својата нетолеранција. Доколку често Ви се појавуваат необјасниви гастроинтестинални тегоби, наш совет е да водите дневник за храна, во кој ќе запишувате:

  • која храна ја внесувате
  • кои симптоми на гастроинтестинални нарушувања ги манифестирате
  • временски распоред на храната и симптомите

Со ретроспективна анализа на таков дневник за храна, можете да забележите дали постои некаква поврзаност на храната која ја користите со (временски задоцнетата) појава на гастроинтестинални тегоби. На таков начин можете да сфатите дали имате некаква нетолеранција на храна и со избегнување, замена или ограничување на сомнителната храна може целосно да ги отстраните несаканите гастроинтестинални симптоми. Доколку имате гастроинтестинални тегоби подолг период препорачуваме да го посетите Вашиот лекар.

​​​​​​5. Здравата, разновидна и високо функционална цревна микрофлора е клучна за регулирано варење на храната

5.1 Што е тоа цревна микрофлора?    

Нашиот гастроинтестинален систем е населен со разновиден екосистем на микроорганизми чиј урамнотежен состав и соодветна активност се многу важни за регулирано и здраво варење на храната, како и за зачувување на општото здравје на организмот. Тие корисни кластери на микроорганизми (поголем број се бактерии) долго време го носат името цревна микрофлора. Некои од корисните функции на цревната микрофлора се:

  • создавање различни хранливи материи за нас (домаќинот)
  • спречување на инфекции кои ги предизвикуваат цревни патогени микроорганизми (штетни материи)
  • подобрување на нормалниот имунолошки одговор

Меѓу научниците веќе долго време постои убедување дека составот и функцијата на цревната микрофлора зависат од нашите лични особини, меѓу кои најважни се:

  • нашата возраст
  • нашата општа здравствена состојба
  • нашите можни болести
  • нашето ниво на стрес

Новите истражувања ја откриваат големата важност на храната и додатоците на исхрана. Медицината базирана на докази денес го признава постоењето на директната врска помеѓу совршениот состав и работа нa цревната микрофлора и користењето на некои хранливи материи (пребиотици) и додатоци на исхрана (пробиотици).

Медицината базирана на докази денес го признава постоењето на директната врска помеѓу совршениот состав и работа нa цревната микрофлора и користењето на некои хранливи материи (пребиотици) и додатоци на исхрана (пробиотици).

5.2 Што се тоа пребиотици?

Пребиотиците се дефинирани како состојки од нашата исхрана кои служат како хранливи материи за корисните бактерии во цревата, а воедно не се хранливи материи за патогените бактерии во цревата. Од количината и видот на внесени пребиотици директно зависат составот и метаболната активност на нашата цревна микрофлора, што како последица има директно влијание на нашето здравје и добрата општа состојба на организмот.

Пребиотиците ги има во разни видови на храна, а најчесто се присутни во овошјето, зеленчукот и житариците. Во првиот дел на текстот детално се опишани растителните влакна кои се често, но не се секогаш пребиотици.

Пребиотиците најчесто ги има во доматите, артичоката, бананите, аспарагусот, бобинките, белиот и црвен кромид, цвеклото, лиснатиот зеленчук, мешунките, овесот, семето од лен, јачмен и пченица.

5.3 А што се пробиотици?

Изразот пробиотик е потврден во средината на минатиот век, но употребата на изразите ферментација на млечни киселини и искористување на позитивниот ефект од ферментираните производи во корист на здравјето на луѓето се сретнуваат уште од антички времиња. Старите Римјани и Грци уште во тоа време знаеле најразлични рецепти за подготовка на кисело млеко.

Светската здравствен организација ги дефинира пробиотиците како: живи соеви на селективно одбрани микроорганизми кои при употреба во соодветна количина обезбедуваат корист за здравјето на домаќинот.

5.4 Широка палета на корисни ефекти кои ги обезбедуваат пробиотиците

Пробиотиците како додаток на исхрана содржат еден или повеќе живи соеви на бактерии корисни за цревната микрофлора, кои го подобруваат варењето на храната преку бројни механизми на дејство:

  • стимулираат развој на здрава цревна микрофлора
  • одржуваат оптимален однос меѓу патогените и корисните цревни бактерии
  • овозможуваат правилна обнова на цревната микрофлора после терапија со антибиотик
  • го подобруваат синдромот на иритабилни црева
  • спречуваат појава на карцином на дебело црево и ректум
  • спречуваат појава на чир на желудникот
  • спречуваат, односно го намалуваат времето на траење на дијареа
  • ублажуваат нетолеранција на лактоза

Покрај ефектот врз варењето на храната, пробиотиците имаат и други бројни ефекти поволни за здравјето:

  • ја зголемуваат силата на нашиот имунолошки систем
  • ублажуваат алергијата на храна
  • помагаат во совладување на забниот кариес
  • ублажуваат кандидијаза
  • го олеснуваат атопискиот дерматит

5.5 Зошто да одберете WAYA Biotic капсули?

Познато е дека различните соеви на пробиотски култури не се еквивалентни и поради тоа ви ги препорачуваме WAYA Biotic капсулите, кои го содржат нај испитуваниот пробиотски сој  Lactobacillus rhamnosus GG, кој според погоре опишаните општи пробиотски дејства има и други бројни предности потврдени со испитувања. Некои од тие предности следат во продолжение:

  • Lactobacillus rhamnosus GG овозможува најефикасно намалување на дијареата предизвикана од терапија со антибиотици, што е докажано со голем број испитувања.
  • Според испитување кое е спроведено во згрижувачки дом во Хелсинки, редовната употреба на Lactobacillus rhamnosus GG во облик на пробиотик значајно го намалила бројот на инфекции на респираторниот систем

 

Да заклучиме: пробиотиците ни овозможуваат многу позитивни ефекти на нашето здравје. Еден од предизвиците на производителите на пробиотски додатоци на исхрана е испорака на метаболно активни (живи) култури на местото на делување (во цревата).

Поради својата единствена технологија на испорака, WAYA Biotic капсулите се истакнуваат помеѓу другите пробиотици достапни на пазарот бидејќи со посебната технологија на микроенкапсулација обезбедуваат најголема концентрација на метаболно активни (живи) култури во дебелото црево, што овозможува највисок степен на ефикасност.

Литература:

  1. Livovsky DM, Pribic T, Azpiroz F. Food, Eating, and the Gastrointestinal Tract. Nutrients. 2020 Apr 2;12(4):986. doi: 10.3390/nu12040986. PMID: 32252402; PMCID: PMC7231022.

  2. www.medicalnewstoday.com/articles/319176 (Dostopano 7. 2. 2021)

  3. Otles S, Ozgoz S. Health effects of dietary fiber. Acta Sci Pol Technol Aliment. 2014 Apr-Jun;13(2):191-202. PMID: 24876314.

  4. www.healthline.com/nutrition/22-high-fiber-foods (Dostopano 7. 2. 2021)

  5. www.health.harvard.edu/digestive-health/dont-tolerate-food-intolerance (Dostopano 7. 2. 2021)

  6. Holscher HD. Dietary fiber and prebiotics and the gastrointestinal microbiota. Gut Microbes. 2017 Mar 4;8(2):172-184. doi: 10.1080/19490976.2017.1290756. Epub 2017 Feb 6. PMID: 28165863; PMCID: PMC5390821.

  7. Markowiak P, Śliżewska K. Effects of Probiotics, Prebiotics, and Synbiotics on Human Health. Nutrients. 2017 Sep 15;9(9):1021. doi: 10.3390/nu9091021. PMID: 28914794; PMCID: PMC5622781.

back to top