После празници се јавува горушица
Во оваа статија ќе дознаете повеќе за чувството на печење во пределот на градите и останати симптоми на рефлукс, ќе ги дознаете клучните причини за нејзината појава и ќе научите како успешно да се справите со тоа.
Горушица – печење во пределот на градите и останати симптоми на рефлукс
Горушица претставува чувство на печење во градите предизвикано од рефлукс, односно враќање на желудочна киселина преку хранопроводот кон грлото.
Помеѓу желудникот и хранопроводот се наоѓа помал мускул кој ја пропушта храната во желудникот и спречува да се врати содржината од желудникот, но кај некои луѓе неговата функција може да биде нарушена. Тоа може да го оштети хранопроводот, што некои луѓе го чувствуваат како печење во пределот на градите.
Најчестите симптоми на рефлукс, со веќе споменатото чувство на печење во градите се:
- болка во градниот кош при лежење или наведната положба
- чувство на топол, кисел, горчлив или солен вкус во грлото (регургитација)
- нарушувања во голтањето
Киселина во желудникот се јавува барем еднаш неделно кај секој четврт жител на развиениот свет. Честа е кај луѓе со прекумерна телесна маса, кај оние кои јадат пребрзо, бремени жени и повозрасни луѓе, бидејќи кај нив полека се нарушува функцијата на мускулот кој го одвојува желудникот од хранопроводот.
Траењето на киселината може да варира кај луѓето. Понекогаш може да потрае само неколку минути, а кај некои луѓе и неколку часа.
Киселина во желудникот се јавува најмалку еднаш неделно кај секој четвртти жител на развиениот свет.
Кога се јавува печење во предлот на градите?
Кога стоиме, гравитацијата ни помага желудочната киселина да не се движи од желудникот во хранопроводот. Меѓутоа, при лежење по оброк или прејадување може да се појави внатрешен притисок на мускулот затворач, со што се потиснува желудочната киселина во хранопроводот. Поголема телесна маса може да го зголеми тој притисок, а масната храна дополнително го забавува варењето и го зголемува чувството на печење во пределот на градите - горушица.
Причини кои исто така влијаат на чувството на печење во градите се:
- пушење
- возраста
- внес на одредена храна
- внес на одредени лекови (на пр. против болки)
Масната храна дополнително го забавува варењето и го зголемува чувството на печење во пределот на градите.
Осум совети за ублажување на горушица
Дали знаете дека со помош на неколку корисни совети можете да направите многу за контрола на печењето во градите?
1. Намалете ја количината на храната која ја консумирате
Прекин на прејадување со сигурност е голем предизвик, но се смета за еден од најважните начини за отстранување на проблемите поврзани со киселина во желудникот. Навикнете се оброкот да го завршите порано, бидејќи на тој начин ќе Ви биде полесно да запрете со консумирање на вкусните празнични јадења, а со тоа и непријатното чувство нема повеќе да биде дел од празничните денови. Можете да си помогнете со користење на помали чинии во кои нема да можете да ставите голема количина на храна.
2. Дознајте повеќе информации
Препознајте ги намирниците кои го надразнуваат желудникот и предизвикуваат киселина, а со тоа обидете се да ги избегнувате. Овде можете да ги пронајдете најчестите намирници кои предизвикуваат киселина во желудникот: линк
3. Не јадете непосредно пред спиење
Вашиот последен оброк би требало да биде четири часа пред спиење.
4. Бидете пребирливи
Доколку не сакате чорба од боранија, немојте да ја јадете. Јадете го она кое навистина го сакате, но внимавајте количината на оброкот да биде умерена.
5. Јадете полека, со внес на мали парчиња
Замислете дека сте дегустатор на вина – првите неколку голтки за проба и уживање. Затоа уживајте и во исхраната. Потрудете се вистински да ја доживеете. Изедете само едно парче, наместо цела чинија колачи.
6. Прошетајте по вечерата
Пешачењето после вечера е многу здрава навика бидејќи помага во варењето – и ја спречува киселината.
7. Не носете тесни пантолони
Тесни пантолони можат да намалат апетит, но и да го притиснат желудникот и со тоа да ја зголемат можноста за појава на киселина во желудникот.
8. Престанете да пушите или барем малку намалете ја бројката на цигари
Пушењето многу ја зголемува можноста за појава на рефлукс и чувство на печење во пределот на градите, односно горушица.
Веруваме дека ова знаење ќе Ви користи во успешното соочување со болката и чувството на печење во пределот на градите од појавата на киселина, а со тоа ќе си обезбедите и безгрижно уживање за време на празниците. Добар апетит!
Извори:
- https://www.webmd.com/heartburn-gerd/features/tackling-holiday-heartburn
- https://www.healthline.com/health/gerd/preventing-heartburn#Lifestyle-Changes-
- www.webmd.com/heartburn-gerd/guide/understanding-heartburn-basics
- https://www.medicalnewstoday.com/articles/9151#prevention
- www.nhs.uk/conditions/heartburn