Зошто е важно да се регулира функцијата на цревата?

м-р фарм. Шпела Видмар
На сите ни е познат изразот: „Љубовта влегува преку стомакот“. Дали некогаш сте се запрашале зошто? Дали цревата навистина имаат толку големо влијание врз нашето расположение и емоции? А што се случува кога цревата ќе решат да штрајкуваат?
[Translate to Macedonian:] Kaj se zgodi, ko se črevesje odloči, da bo stavkalo?

Секој од нас во своите црева има 100 милијарди бактерии кои се неопходни за нивното здравје.1 Овие симбиотски бактерии се наши пријатели и му помагаат на метаболизмот бидејќи играат улога во разградувањето на сложените супстанции (неразградливи полисахариди) кои ги консумираме.2  

Исто така, присуството на бактерии е од големо значење за функционирањето на имунолошкиот систем, метаболизмот на хранливите материи и излачувањето на столица кај човекот. Неодамна е истражено дека бактериите во нашите црева влијаат и на работата на централниот нервен систем.1

Цревна флора

Збирот на сите бактерии во нашите црева се нарекува цревна флора. Бидејќи влијае на многу процеси во нашиот организам, состојбата на цревната флора е добар показател за ризикот од нарушувања и болести кои се јавуваат кај луѓето.

Исто така, цревната флора учествува во3

  • во метаболизмот на хранливи материи,
  • во метаболизмот на материи туѓи за телото (ксенобиотици) и лекови,
  • во заштита од бактерии,
  • во реакции кои помагаат да се намали штетноста на одредени лекови,
  • во регулација на имунолошкиот систем (имуномодулација),
  • во севкупноста на цревната бариера и структурата на гастроинтестиналниот систем.

Интересен е фактот дека способноста на цревната флора да ги метаболизира ксенобиотиците и лековите за прв пат е идентификувана пред повеќе од 40 години. Метаболизмот на лекови со помош на цревната флора е важен и за активирање на некои предлекови – лекови кои стануваат активни само кога се метаболизираат во организмот. 

Исто така можеме да забележиме некои основни развојни карактеристики и функции на имунолошкиот систем на цицачите зависат од интеракциите со бактериите, односно со нашата цревна флора.

Цревата и развојот на болеста

Поради тоа гастроинтестиналните органи се примарното место помеѓу нашиот имунолошки систем и микроорганизмите и тоа корисните (оние кои ни помагаат) и штетните (оние кои предизвикуваат болести).

Резултатите од клиничките испитувања покажуваат дека стресот има големо влијание врз цревната флора и дека двонасочната комуникација помеѓу цревната флора и централниот нервен систем влијае на нашиот одговор на стрес.1

Многу студии покажаа дека цревна флора влијае и на нашето однесување, односно дека проблемите со имунитетот кои влијаат на анксиозноста и депресивното однесување се поврзани со промените во цревна флора.1

Промените во развојот или составот на цревната флора може да го нарушат меѓусебниот однос помеѓу цревната флора и човечкиот имунолошки систем, што може да биде причина за изменети имунолошки реакции кои се основа на различни воспалителни реакции и болести (алергии, нетолеранција, воспалителни болести на цревата ).2

Развој на цревата кај доенчиња

Особено е осетлива цревната флора на доенчињата. Во првите денови и недели од животот, таа е многу променлива и постепено се воспоставува. Воедно, првите години од животот се и време на развој на имунолошкиот систем.2

Бидејќи знаеме дека цревна флора значително влијае на имунолошкиот систем, отстапувањата од нормалниот развој на цревна флора може да го променат исходот на имунолошкиот развој и потенцијално да ги изложат доенчињата на разни воспалителни болести, а подоцна и возрасните.2 Промените во цревна флора на доенчињата може да имаат има големо влијание врз здравјето на идните генерации, па можеби можете да им помогнете со користење на корисни бактерии кои имаат поволен ефект врз цревна флора.

 

Што се случува кога цревата ќе решат да штрајкуваат?

Докажано е дека здравите лица и лицата со запек имаат различен состав на цревната флора. Промените во цревната флора можат да придонесат за запек и сродни симптоми поврзани со него.5

Затоа е многу важно цревна флора да ни е во одлична состојба и правилно да се грижиме за неа.

Особено е осетлива цревната флора на доенчињата. Во првите денови и недели од животот, таа е многу променлива и постепено се воспоставува.

Што можеме да направиме за да го спречиме или ублажиме запекот?6

1.    Да го зголемиме внесот на течности
Недоволното внесување течности може да го предизвика или да го влоши запекот.

2.    Да го зголемиме внесот на диетални влакна
Додаток на диетални влакна ја зголемува тежината на столицата и ја зголемува брзината на минување низ цревата. Важно е постепено да се зголемува внесот на диетални влакна за да се избегне подуеност, што може да биде предизвикана од наглото зголемување на внесот.

3.     Се препорачува редовна физичка активност
Физичката активност го стимулира дејството на мускулите во цревата и го олеснува излачувањето.

4.     Воведување распоред на празнење на цревата
Обидете се да излезете по голема нужда барем еднаш дневно, 30 минути по оброкот, а напрегањето не треба да трае подолго од пет минути. Бидете опуштени и не брзајте додека се обидувате да ја извршите големата нужда.

5.     Примена на лаксативи
Постојат повеќе видови на лаксативи. Секој од нив делува малку поинаку за да го олесни празнењето на цревата. Прочитајте повеќе за лаксативите овде.

 

За ублажување на проблемите предизвикани од запек, препорачуваме употреба на осмотскиот лаксатив WAYA Lax Junior кој содржи макрогол 4000.

Производот ги ублажува тегобите предизвикани од запек, како што се:

  • хроничен запек,
  • состојба на долготраен запек со акумулација на фецес во ректумот и/или дебелото црево (фекалома) и
  • запек со епизодни или хронични колики.

Со својот пријатен вкус на праска и активна состојка макрогол 4000, WAYA Lax Junior е одличен избор за помош кај деца од 6 месеци, но и кај возрасни, бидејќи делува на неколку начини:

  • нежно ги празни цревата,
  • ја омекнува столицата и
  • ја регулира работата на цревата.

На овој начин ќе си обезбедите нежна поддршка на себе и на своите малечки при непријатни тегоби.

Нежно и ефикасно го решава запекот

     

    Извори:

    1. Foster et al. Gut-brain axis: how the microbiome influences anxiety and depression. Trends Neurosci. 2013 May;36(5):305-12.
    2. Round et al. The gut microbiota shapes intestinal immune responses during health and disease. Nat Rev Immunol. 2009 May;9(5):313-23. 
    3. Jandhyala et al. Role of the normal gut microbiota. World J Gastroenterol. 2015 Aug 7;21(29):8787-803.
    4. Wilson et al. Gut microbiome interactions with drug metabolism, efficacy, and toxicity. Transl Res. 2017 Jan;179:204-22.
    5. Zhao et al. Intestinal microbiota and chronic constipation. Springerplus. 2016 Jul 19;5(1):1130.
    6. Rao. Constipation: evaluation and treatment. Gastroenterol Clin North Am. 2003 Jun;32(2):659-83.
    back to top