Дома > WAYA производи > WAYA Lax Junior
WAYA Lax Junior

WAYA Lax Junior

За доенчиња, деца и возрасни.

Проверен квалитет

Медицинско средство во облик на орален раствор кој нежно и ефикасно ги решава проблемите предизвикани од запек. Има одличен вкус на праска. 

Содржи макрогол 4000, кој ја омекнува столицата, го олеснува празнењето и ја регулира работата на цревата.

Практични примери на употреба на медицинското средство WAYA Lax Junior

Практични примери на употреба на медицинското средство WAYA Lax Junior:

  • Кај проблеми со хроничен запек
  • Кај проблеми со запек кои се резултат на престанок на носење на пелени кај малите деца
  • Кај проблеми со запек поради воведување на цврста храна кај доенчиња
  • Кај запек со епизодични или хронични колики
  • Кај појава на фекалом (состојба на тежок запек со насобирање на столицата во ректумот и/или дебелото црево)

Prva izbira za zdravljenje zaprtja

Прв избор за лекување на запек

Макрогол 4000 е прв избор за лекување на запек според упатствата за деца и возрасни.

O WAYA Lax Junior

За производот WAYA Lax Junior:

  • Орален раствор WAYA Lax Junior на база на макролог 4000, кој претставува нежно и ефикасно решение за запекот
  • Активната состојка макролог 4000 ја омекнува столицата и ја подобрува подвижноста на цревата
  • Производ со осмотски механизам кој ја регулира работата на цревата и ги ублажува тегобите предизвикани од запек, како што се: хроничен запек, фекалом (состојба на долготраен запек со насобирање на фецес во ректумот и/или дебелото црево), запек со епизодични или хронични колики. 
  • Има одличен вкус на праска
  • Лесно се дозира со помош на приложената чашка
  • Едноставна употреба: една доза наутро со препорачана дневна количина на дополнителна течност
  • Погоден за употреба веќе и кај доенчиња постари од 6 месеци
  • Прикладен за употреба и кај деца, возрасни и бремени жени* 
  • По отворање на шишето, производот може да се користи уште три месеци
  • Ефикасноста на производот не се намалува со време, бидејќи организмот не се навикнува на него
  • Медицинско средство

* За време на бременост и доење корисниците треба да се консултираат со лекар пред да го употребат ова медицинско средство. 

Mnenja uporabnikov

Мислење на корисниците

Не се пронајдени коментари!

Како ќе го оцените овој продукт?

Ве молиме оценете го производот
Запишете ги задолжителните полиња
Упатство за употреба

Дозирање:

Возрасни и деца постари од 8 години:

  • 20–40 ml раствор дневно со чаша вода или друга течност, како сок или чај (150 ml), доколку е можно, одеднаш, наутро. 

Деца од 4 до 7 години:

  • 15–30 ml раствор дневно со чаша вода или друга течност, како сок или чај (150 ml), доколку е можно, одеднаш, наутро. 

Деца од 2 до 3 години:

  • 10–15 ml раствор дневно со чаша вода или друга течност, како сок или чај (150 ml), доколку е можно, одеднаш, наутро. 

Доенчиња од 6 месеци до 1 година
 (со телесна тежина > 7 kg):

  • 5–10 ml раствор дневно, со чаша вода (50 ml), доколку е можно, одеднаш, наутро. 

Примената кај деца помлади од 12 години е пожелно да биде под лекарски надзор. Не го употребувајте медицинското средство WAYA Lax Junior подолго од 30 последователни дена. Доколку симптомите продолжат, консултирајте се со лекар. 

За време на бременост и доење, пред употреба на ова медицинско средство, консултирајте се со лекар. Производот чувајте го подалеку од дофат на деца. Избегнувајте контакт со очи. Разговарајте со Вашиот лекар пред употреба на оралниот раствор WAYA Lax® Junior во случај на фекалом. 

Состав

Макрогол 4000 125 g, прочистена вода, лимонска киселина, арома, натриум бензоат, калиум сорбат, сукралоза. 

Пакување
Пакувањето содржи шише од 250 ml со чашка.
Чување

Чувајте го производот цврсто затворен, на ладно и суво место, далеку од извор на светлост и топлина. Медицинското средство WAYA Lax Junior употребете го во рок од три месеци по отворањето. Не го чувајте во фрижидер.

Изберете докажан квалитет!

back to top