Дома > WAYA производи > WAYA StopReflux
Зошто да одберете WAYA® StopReflux?
- Благодарение на синергистичкото дејство на состојките, WAYA® StopReflux механички го спречува рефлуксот за помалку од три минути, го ублажува печењето во пределот на градите, ја штити и регенерира слузницата.
- Кога содржината ќе дојде во контакт со киселата pH средина во желудникот, магнезиум алгинатот формира гел. Во меѓувреме, карбонатите ослободуваат јаглероден диоксид, кој му овозможува на гелот да се подигне и да создаде чеп, што преставува физичка бариера, која пак го спречува рефлуксот (враќањето) на желудочниот сок во хранопроводот.
- Карбонатот и бикарбонатот истовремено помагаат да се намали киселоста во желудникот. Дополнително, хијалуронската киселина и хондроитин сулфатот ја штитат и обновуваат слузницата. Предноста на производот WAYA® StopReflux е тоа што не содржи натриум алгинат, туку магнезиум алгинат, па затоа е безбеден за употреба дури и кај пациенти кои треба да го намалат внесот на натриум.
- Нема познати несакани ефекти поврзани со употреба на WAYA® StopReflux кесички.
- Во случај на нивна појава обратете се кај вашиот лекар.
Упатство за употреба
- WAYA® StopReflux се наменети за возрасни и деца над 12 години: 1 кесичка да се растопи директно во уста после главниот оброк и пред спиење или според совет од лекар.
- Содржината на кесичката добро протресете ја и употребете ја веднаш по отворањето.
- WAYA® StopReflux кесичките може да се употребуваат во секој момент од денот.
- Најдобро делуваат доколку не консумирате храна или пијалоци 30 минути по нивната употреба.
- Времетo на употреба зависи од појавата на симптоми.
- Не ги употребувајте подолго од 30 дена.
- Ако продолжат симптомите, побарајте лекарски совет.
- Може да се употребуваат подолг временски период, доколку се употребуваат како дел од лекување.
Состав
Вода, магнезиум алгинат, калциум карбонат, калиум бикарбонат, натриум хијалуронат, хондроитин сулфат, ароми; Конзерванси: метил п-хидроксибензоат (метилпарабен), етил п-хидроксибензоат (етилпарабен); Засладувачи: стевиол гликозиди, сукралоза.
Пакување
14 кесички со единечна доза, секое од 10,8 g
Чување
- Употребувајте го производот според информациите во упатството
- Чувајте го подалеку од дофат на деца
Мислење на корисниците
Не се пронајдени коментари!Како ќе го оцените овој продукт?